Властите: немирите во Бирјуљово ги испровоцираа националистички сили

Немирите во Бирјуљово се испровоцирани од страна на националистички сили, локалните жители биле против судирот со полицијата, изјави заменикот на московскиот градоначалник за односи со медиумите, Александар Горбенко.

Освен тоа, според податоците на заменикот-градоначалник, семејството на убиениот Егор Шчербаков не ги поддржувало провокациите, пренесува ИТАР-ТАСС.

Горбенко изјави дека жителите во реонот ќе започнат да патролираат заедно со локалната полиција. „На состаноците жителите изнесоа став за ред предлози, некои од кои веќе се остваруваат, како на пример - заедничко патролирање во реонот“, изјави тој.

“Ситуацијата во Јужниот округ во моментов се наоѓа под контрола“, изјави заменикот-градоначалник.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.