Трговската палата на Русија смета дека постои ризик да не се исполнат прогнозираните темпа на раст на руската економија во следниве три години, пренесува РИА Новости.
Ризиците се поврзани со остварувањето на прогнозираните нивоа на инвестиции и побарувачка. Трговската палата смета дека е нереална прогнозата за растот на реалните приходи на населението и потрошувачкото кредитирање.
Министерството за економски развој на Русија претходно објави податоци дека растот на БДП на Русија ќе изнесува од 3 до 3,3% од 2014 до 2016 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче