Руски биолози организираат голема експедиција околу светот

Екипа млади научници и подводни снимачи планира во текот на следниве три години да помине 35.000 морски милји околу Земјината топка, правејќи стотина нуркања, проучување на животот на жителите на океанот, како и објавување на своите откритија пред светот.

„Акватилис“ е првата руска експедиција околу светот посветена на проучувањето на животот во Светскиот океан. Организатор на целиот проект е Александар Семеонов, раководител на нуркачката служба во Беломорската биолошка станица на МГУ „Ломоносов“. Предвидено е и создавање на блог преку кој на луѓето ќе им биде покажано колку е прекрасна морската средина, какви необични и прекрасни суштества живеат во неа.

Експедицијата нема да биде посветена само на проучување на жителите на океанот, туку и на популаризација на науката. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.