Русија му предлага на Бразил заедничко производство на авионот Т-50

Руска делегација од Министерството за одбрана на преговори во Бразил предложи заедничко производство на перспективните авиони од петтата генерација.

Руска делегација од Министерството за одбрана на преговори во Бразил предложи заедничко производство на перспективните авиони од петтата генерација.

Делегацијата која ја предводи министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, се наоѓа на посета во Бразил и Перу од 14 до 17 октомври. Темите на преговорите се воената и воено-техничката соработка.

„На преговорите во Бразил подготвени сме да предложиме не само  продажба на готови примери на Су-35, туку и заедничко производство на перспективните авиони од петтата генерација - Т-50“, изјави член на руската делегација. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња