Лукоил ќе ја прошири соработката со Кина

Вагит Алекперов, шеф на една од најголемите руски нафтени компании „Лукоил“, изјави дека неговата фирма бара кинески партнери за проширување на бизнисот во источна Азија. Ова го пренесува „Асошиејтед прес“.

Алекперов изјави дека сака да се сретне со претставници на кинеските државни нафтени гиганти за да разговара за правците на идната соработка. Лукоил веќе има заеднички претпријатија со двете најголеми нафтени компании во Кина - PetroChina и Sinopec.

Лукоил планира да го зголеми извозот на нафта и нафтени продукти во Кина. Имено Кина во моментов е енергетски пазар кој најбрзо расте во светот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.