Филмот „Сталинград“ во првиот викенд од прикажувањето заработи 13 милиони евра

Заработувачката од филмот „Сталинград“ на режисерот Фјодор Бондарчук за време на првиот викенд од неговата премиера изнесува 13 милиони долари, пренесува компанијата Sony Pictures.

Заработувачката од филмот „Сталинград“ на режисерот Фјодор Бондарчук за време на првиот викенд од неговата премиера изнесува 13 милиони долари, пренесува компанијата Sony Pictures. Ова е најдобар старт меѓу руските филмови во целата историја на Русија. Според податоцит ена порталот „ФилмПро“, меѓу сите филмови кои се прикажуваат во Русија во 2013 година, „Сталинград“ сега го зазема третото местото, веднаш после "Iron Man 3" и "Fast and Furious 6" (16 милиони евра и 14 милиони евра).

Филмот „Сталинград“ е посветен на Сталинградската битка - една од клучните битки во Втората светска војна. Главите улоги во филмот ги исполнуваат Петар Фјодоров, Томас Кречман, Марија Смољникова, Јана Студилина и други актери. Буџетот на филмот изнесува 30 милиони долари.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.