ЛГБТ акција во Санкт Петербург заврши со тепачка и апсења

Дваесетмина се приведени за време на ЛГБТ акција на Марсовското поле во Санкт Петербург, пренесоа руските информативни агенции.

Дваесетмина се приведени за време на ЛГБТ акција на Марсовското поле во Санкт Петербург, пренесоа руските информативни агенции.

Геј активистите сакале во саботата во центарот на градот да организираат акција по повод денот на "coming out" (отворено и доброволно признавање на хомосексуалната ориентација). Сепак, уште пред нејзиниот почеток, започнале да се собираат претставници од козачките дружини, националисти и свештеници кои се противат на ЛГБТ активистите. Кога организаторите на акцијата пристигнале на местото на случката, нивните противници им го попречиле патот и почнале да читаат молитви и да пеат црковни песни.

Полицијата која дежурала во близина на почеток не се мешала во конфронтацијата, но кога започнала тепачката, чуварите на редот почнале да ги приведуваат прекршителите на јавниот ред од обете страни. Приведени се најактивните ЛГБТ активисти, неколку козаци, па дури и еден свештеник. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња