Вицеконзулот во амбасадата на Русија во Панама, Евгениј Манилов, е ранет со нож. Како што пренесува „Комерсант“, украинскиот државјанин, Алексеј Лисовенко, му пришол на дипломатот и го ранил со нож пред присутни лица. Напаѓачот е приведен. Познато е дека во моментот на извршување на злочинот Лисовенко бил под дејство на наркотици. Господинот Манилов веднаш бил опериран и не е во животна опасност.
Според мислењето на амбасадорот на Русија во Панама, Алексеј Ермаков, нападот врз дипломатот би можел да биде чин на одмазда.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче