Сириската опозиција ја осуди одлуката на одборот за доделување на Нобеловата награда, која на 11 октомври беше доделена на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОЗХО).
Како што пренесува „Асошиејтед пред“, претставникот на опозицијата, Луај Сафи, изјави дека доделувањето на наградата на Организацијата за забрана на хемиското оружје е прерана, и дека уништувањето на хемискиот арсенал само по себе нема да донесе мир во Сирија.
Портпаролот на Слободната сириска армија, Луај Микдад, од друга страна истакна дека одлуката на одборот сведочи за непочитувањето на човековите права во Сирија, бидејќи проблемот не се сведува само на хемиското оружје.
Сириската опозиција исто така смета дека одлуката на одборот за доделување на Нобеловата награда за мир подразбира дека добитникот не е само ОЗХО, туку и претседателот на Сирија, Башар Асад, како и рускиот лидер Владимир Путин, бидејќи тој е автор на идејата за уништување на арсеналот хемиско оружје во земјата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче