Од неколку извори дознаваме дека полицијата почнала да го затвора Манежниот плоштад во центарот на Москва поради нереди кои се појавија во реонот Бирјуљово по убиството на локален жител.
Учесниците во наредите во Бирјуљово, кои претходно демолирале трговски центар во градот, продолжуваат да скандираат националистички пароли и бараат полицијата да ги пушти сите приведени.
Демонстрантите бараат да се најде убиецот на 25-годишниот Егор Шчербаков, младич кој бил избоден со нож и починал. Сведок на убиството е неговата девојка, која убиецот го опишала како жител од Кавказот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче