Министерството за внатрешни работи на Русија свика итно советување во врска со нередите во московскиот реон Западно Бирјуљово

Министерот за внатрешни работи на Русија, Владимир Колокољцев вечерта на 13 октомври свика итно советување во врска со случувањата во московскиот реон Западно Бирјуљово.

Министерот за внатрешни работи на Русија, Владимир Колокољцев вечерта на 13 октомври свика итно советување во врска со случувањата во московскиот реон Западно Бирјуљово.

Во неделата на 13 октомври жителите на реонот излегоа по повод убиството на 25-годишниот Егор Шчербаков. Ноќта меѓу 9 и 10 октомври младичот се враќал дома со девојката, кога на влезот во зградата им пришол непознат маж до кавкаска надворешност. Тој му нанел на Шчербаков неколку смртоносни убоди со нож.

После средбата со официјалните лица, на кој беше постигнат договор за организирање на заеднички акции за потрага на престапникот, демонстрантите се упатиле кон трговскиот центар „Бирјуза“, каде работат странци, ги искршиле стаклата во зградата и почнале да ги демолираат тезгите. На местото на случката пристигнала полицијата и припадници на ОМОН (специјални единици на московската полиција). Тогаш започнала тепачка помеѓу активните демонстранти и припадниците на ОМОН. Од лице место пристигнувале информации дека младичите превртеле комбе на специјалните единици, дека било мавано на нив со камења и шишиња, а на некои од нив им биле раскрвавени и лицата.

Поради нередите во реонот е отежнат сообраќајот. Во Бирјуљово пристигнуваат дополнителни единици на полицијата. Медиумите соопштуваат дека се уапсени седум учесници во нередите и дека против нив е подигната кривична постапка за „хулиганско однесување“.

Министерот за надворешни работи на Русија на итно советување издаде наредба веднаш да се најде убиецот на Егор Шчербаков. Полицијата веќе врши претреси на местата каде во Москва се собираат работниците од странство на привремена работа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.