ОБСЕ апелира на Литванија повторно да започне со емитување на рускиот Прв канал

Забраната за емитување на Првиот канал на руската телевизија на територијата на Литванија, воведена на 9 октомври, „го намалува плурализмот во медиумите“. Вакво мислење изнесе претставничката на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ.

Нејзината изјава предизвика разочарување во Вилнус. „Тоа е манипулација со стандардите на ОБСЕ во сферата на слободата на медиумите. Слободата на медиумите не смее да се поврзува со намерните обиди да се избрише сеќавањето на оние кои загинаа за слободата на Литванија и да се негира историското сеќавање на народот“, се наведува во официјалното соопштение на литванското Министерство за надворешни работи.

Емитувањето на Првиот канал во Литванија беше прекинато на 7 октомври, веднаш после прикажувањето на емисијата „Човекот и законот“, во која се критикуваше официјалната верзија за случките на 13 јануари 1991 година во Вилнус, кога дојде до судир меѓу советската војска со населението во литванскиот главен град. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња