Истражување: 59% од корисниците на Интернет во Русија користат мобилен интернет секојдневно

Ова лето дури 59% од корисниците на Интернет во Русија влегувале во Мрежата преку својот мобилен телефон секој ден. Како што пренесува Digit.ru, тоа е за 3% повеќе од почетокот на годината.

Ова лето дури 59% од корисниците на Интернет во Русија влегувале во Мрежата преку својот мобилен телефон секој ден. Како што пренесува Digit.ru, тоа е за 3% повеќе од почетокот на годината.

Најчесто руските корисници на мобилен интернет влегуваат преку Андроид уреди (49% на почетокот на годината и 58% во средината на годината).

Исто така, стана јасно дека секој трет корисник на паметен телефон и секој четврт корисник на електронска табличка во Русија претпочита тие да се од компанијата Самсунг. Производите на Нокија ги користи секој петти корисник на мобилен интернет, а iPhone има секој десетти корисник на мобилен интернет.

Што се однесува до електронските таблички, најголема популарност имаат уредите на Самсунг и Apple. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња