Украина наскоро може да се откаже од увозот на руски гас

Украина наскоро може целосно да се откаже од увозот на руски гас доколку моменталниот договор не биде ревидиран, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на изјавата на украинскиот премиер Николај Азаров во интервју за телевизискиот канал „Русија 24“.

„Со таква цена на гасот ние го намалувавме, го намалуваме, а во иднина ќе продолжиме да го намалуваме увозот на гас од Русија... Десет години за целосен прекин на увозот се многу. Сметам дека можеме да ја реализираме таа задача со намалување на користењето на гас, преминување на алтернативни извори, воведување во погон на сопствените наоѓалишта, зголемување на сопственото производство на гас“, изјави Азаров.

Тој исто така додаде дека Украина е подготвена да ја докаже апсурдноста на сегашниот договор меѓу „Нафтогас“ и „Гаспром“, доколку руската компанија реши да оди на суд поради неисполнување на договорот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.