Путин: Во Калининград ќе се одржат натпревари од СП-2018

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека во Калининград ќе се одржат натпревари од светското првенство во фудбал во 2018 година.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека во Калининград ќе се одржат натпревари од светското првенство во фудбал во 2018 година.

„Калининград ќе биде еден од градовите каде ќе се одржуваат натпревари во СП-2018, а каде ќе се градат стадионите - нека решаваат и граѓаните, и владата на Русија“, изјави Путин, а пренесе Интерфакс.

Во средата губернаторот на Калининградската област, Николај Цуканов, му демонстрираше на претседателот нов проект за стадион.

Освен Калининград, натпреварите од СП-2018 ќе се одржат и во Москва, Санкт Петербург, Екатеринбург, Волгоград, Казањ, Нижни Новгород, Самара, Ростов-на-Дон и Сочи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња