Преминот на зимско време во Русија пред почетокот на Олимпијадата во Сочи би ја чинело Русија 300 милиони долари, известува РИА Новости, повикувајќи се на претседателот на Организацискиот одбор на Олимпијадата, Дмитриј Чернишенко. Тој објасни дека организаворите веќе го усогласиле распоредот на Олимписките игри со странските медиуми.
Ако се направи промена во преносите, Русија ќе мора да го плати трошокот на странските телевизиски компании.
Чернишенко истакна дека руските спортисти веќе го составиле распоредот на натпреварите според нивните желби. Составени се и шемите за превоз и испорака на прехранбени производи. Секое отстапување ќе доведе до „фатални промени во распоредот“, изјави претседателот на Олимпискиот комитет.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче