Министерот за одбрана на Русија ќе го посети Белград на 26 ноември

Министерството за одбрана на Србија го прифати предлогот на руската страна посетата на рускиот министер да се одржи на 26 и 27 ноември.

Министерството за одбрана на Србија го прифати предлогот на руската страна посетата на рускиот министер да се одржи на 26 и 27 ноември.

На прашањето што е направено околу купувањето на руските авиони за Војската на Србија, во српското министерство кажано е дека одлуката за купување на повеќенаменскиот авион за Војската на Србија сѐ уште не е донесена.

„Авионот МиГ 29 М/М2 е авион кој ги задоволува потребите на Воздухопловството и противвоздушната одбрана на Војската на Србија, и затоа неговото купување се разгледува“, се наведува во одговорот на Министерството за одбрана на Србија.

„Конкретните теми за разговор со министерот Шојгу не се усогласени. Посетата на министерот Сергеј Шојгу ќе послужи како причина за потпишување на Договор меѓу Владата на Србија и Владата на Руската Федерација за воена соработка и да му се врачи на министерот Орденот на српското знаме од прв степен, со кој претседателот на Србија на 3 јули го одликува министерот Шојгу“, се наведува од Министерството за одбрана на Србија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња