Компанијата LG Electronics ја претстави во Русија новата детска електронска табличка KidsPad. Како што се соопштува во изјавата за медиумите, уредот е предвиден за деца од три до шест години.
LG KidsPad има процесор ARM Cortex-A9, 0,3 мегапикселна камера, 7 инчен екран и оперативна меморија од 1 гигабајт. Освен тоа, електронската табличка има 3Д забрзувач и електронско пенкалце за цртање и пишување. Во електронската табличка нема вграден модул за безжичен интернет за да се заштити детето од непосакувани интернет-содржини.
Цената во Русија за оваа електронска табличка ќе изнесува околу 10.000 денари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.