Русија не врши притисок врз Украина поради идното потпишување на договорот за слободна трговска зона со ЕУ од страна на Киев, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на изјавата на премиерот на Украина во интервју за „Русија 24“.
Според мислењето на Азаров, политичкиот притисок ќе противречи на договорот за дружба и соработка меѓу двете држави. „Во 1997 година беше потпишан договор за дружба и соработка меѓу Украина и Русија. Тој ги определува стратешките аспекти на нашата соработка“, изјави Азаров.
Во ноември годинава Украина планира да потпише во Вилнус договор за асоцијација со ЕУ, во кој се наоѓа и член за создавање на зона за слободна трговија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче