Руската авиокомпанија „Аерофлот“ регистрираше правно лице (нискобуџетна авиокомпанија) под името „Добролет“, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на соопштение од компанијата.
На „Аерофлот“ му припаѓаат 100% од акциите на нискобуџетната авиокомпанија. „Добролет“ може да започне со работа во 2014 година, но за да се направи тоа, потребни се дополнителни поправки во законодавството: да се дозволи продажба на билети кои не можат да бидат вратени, плаќање за дополнителен багаж, неслужење оброк во авионот, како и дозвола за ангажирање на странски пилоти.
Претходно заменикот министер за транспорт, Валериј Окулов, изјави дека мрежата на новата авиокомапнија може да вклучи маршрути кои и сега се доста популарни - на пример, од Москва во Санкт Петербург, Калининград, Сочи, Самара, Екатеринбург.
„Добролет“ е старото име на „Аерофлот“, компанија формирана на 17 март 1923 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче