Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, потпиша наредба бројот на странци кои можат да се образуваат во Русија да се зголеми за 5.000, односно на 15.000. Овој документ е објавен на интернет-страницата на Владата. Школувањето на странските студенти ќе го реализираат образовните институции на сметка на федералниот буџет.
Претходно во Русија можеа да се школуваат до 10.000 странци годишно. Според прелиминарните податоци на Министерството за образование и наука, во Русија во оваа училишна година се школуваат претставници од 131 земја. Традиционално најголем број студенти доаѓаат од Република Кина, Виетнам, Монголија, Иран и Палестина. Во оваа година забележан е раст на бројот на студенти од Германија, Чешка и Италија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче