Медведев: Русија може да стане водечки произведувач на млечна продукција

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев смета дека Русија ги има сите шанси да стане водечки светски произведувач на млечни продукти. Ова го пренесува РИА Новости.

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев смета дека Русија ги има сите шанси да стане водечки светски произведувач на млечни продукти. Ова го пренесува РИА Новости.

„Ние сме способни да се прехраниме самите себеси и да обезбедиме доволно продукти од животинско потекло. Ние ги имаме сите шанси да станеме една од водечките држави-произведувачи на млечни продукти“, изјави Медведев.

Според оценката на премиерот, од федералниот буџет ќе се издвојат околу 250 милиони евра за поддршка на производството на млечни продукти. „Русија секоја година произведува нешто повеќе од 30 милиони тони млеко“, изјави премиерот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.