Нивото на продажба на нови автомобили во Русија во септември падна за дополнителни 5%. Притоа, во првата десетка на најпродавани модели влегоа автомобили од домашно производство, како и странски автомобили кои се произведуваат во Русија.
Од јануари до септември рускиот пазар на автомобили бележи пад од 7% во продажбата, во споредба со истиот период во минатата година.
Најпродаван автомобил е Лада Гранта со 14.743 продадени автомобили во септември, на второто место се најде Hyundai Solaris со 10.676 продадени единици, а на третото – Kia New Rio со 8.632 продадени автомобили.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче