Филмот на Фјодор Бондарчук, „Сталинград“, влезе во листата кандидати за наградата „Оскар“ во номинација за „Најдобар филм на странски јазик“, се известува на официјалната интернет-страница.
Освен „Сталинград“, во проширениот попис на кандидати вклучени се уште 75 филмови, вклучувајќи и филмови од Молдавија, Саудиска Арабија и Црна Гора кои за прв пат се најдоа на оваа листа.
Воената драма „Сталинград“, чие дејство се случува во 1942 година, е прв филм во историјата на руската кинематографија кој е снимен во формат „IMAX 3D“. Буџетот за филмот изнесува 30 милиони долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.