Годишните трошоци на Русија за нуклеарниот комплекс во наредните 3 години ќе се зголемат за 50%.
Планирано е до 2016 година за нуклеарниот комплекс да се издвојат околу 1,42 милијарди долари, додека годинава се издвоени 900 милиони долари.
Комитетот на Државната дума за одбрана соопшти дека се планира зголемување на трошоците за национална одбрана за 1,6 пати во периодот од 2013 до 2016 година. На тој начин, во 2014 година за одбраната ќе биде издвоени 76,62 милијарди долари, во 2015 година - 93 милијарди долари, и 104 милијарди долари во 2016 година. Оваа година за одбраната ќе бидат потрошени вкупно 64,61 милијарди долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче