Русија и Иран ќе ги возобноват преговорите за испорака на противавионските ракетни комплекси, пишува руска „Независна газета“. Нивниот извор во воените кругови тврди дека наместо испорака на С-300 ПМУ-1, за кои бил потпишан договорот, Русија може да му испорача на Иран посовремени ракетни комплекси.
Се работи за 5 комплекси С-300ВМ и „Антеј-2500“. Заради обнова на преговорите за испорака на комплексите, Техеран е подготвен да се откаже од финансиските побарувања кон Русија кои се појавија после поништувањето на претходниот договор.
Информацијата порано се појави и во медиумите, меѓутоа Кремљ тогаш веднаш ја демантираше пораката.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче