„Росатом“ годинава ќе инвестира 7 милијарди евра во нови енергетски капацитет и нуклеарни реактори

Инвестициите на државната корпорација „Росатом“ во 2013 година ќе изнесуваат 7 милијарди евра, пренесува Интерфакс, повикувајќи се на заменикот директор за капитални инвестиции, Петар Степаев.

Инвестициите на државната корпорација „Росатом“ во 2013 година ќе изнесуваат 7 милијарди евра, пренесува Интерфакс, повикувајќи се на заменикот директор за капитални инвестиции, Петар Степаев.

Оваа изјава Степаев ја даде на форумот „АТОМЕКС-Европа 2013“. Според него, нивото на инвестиции во развојот на електроенергетскиот сектор на корпорацијата треба да достигне 5 милијарди евра, а во 2014 година треба да се зголеми до 5,9 милијарди евра. Степаев забележа дека инвестициската програма на „Росатом“ е помала од француската EDF или корејската KEPCO, но е поголема од италијанската Enel и американската Exelon.

Според зборовите на Степаев, до 2020 година во Русија ќе бидат изградени дополнителни 10 нуклеарни реактори, а до 2030 година – 20. „Секако, сè зависи од тарифните решенија, како и од изворите на финансирање за реализација на инвестициската програма. Но ова е наш план, и ние сме подготвени да го реализираме3, додаде Степаев.

Претходно стана јасно дека „Росатом“ ќе добие 511 милиони евра за изградба на нуклеарната централа „Акуја“ во Турција. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.