Властите на Холандија се подготвени да се извинат на Москва за инцидентот со тепањето на рускиот дипломат, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на изјава на Тис ван Сон, портпарол на холандското МНР.
„Ако истрагата покаже дека била нарушена Виенската конвенција, Холандија ќе се извини на Руската Федерација. За инцидентот вчера се дебатираше во МНЕ на Холандија“, изјави ван Сон. Според неговите зборови, полицијата на Холандија во моментов води истрага во врска со случката.
Претходно беше изјавено дека МНР на Русија ѝ дало на Холандија можност да го објасни инцидентот со рускиот дипломат до 18:00 часот по московско време.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче