Во музејот на Достоевски вчера беше отворена изложба на која беа претставени своините на Данил Хармс. Повеќето предмети за прв пат се најдоа на изложба. Меѓу нив се наоѓаат и ракописи, книги од неговата библиотека, фотографии, различни материјали од животот на писателот. Главниот експонат е ковчегот во кој Хармс ги изнел ракописите во 1942 година, за да истите не настрадаат во бомбардирањето.
Во иднина се планира основање на музеј посветен на Данил Хармс. Прашањето за основање на музеј ќе се разгледува од Одборот за култура веднаш после изложбата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче