Шарапова нема да учествува на овогодишниот завршен турнир

Русинката Марија Шарапова ќе го пропушти турнирот на Женската тениска асоцијација (WTA), кој се одржува од 2 до 27 октомври во Истанбул.

Русинката Марија Шарапова ќе го пропушти турнирот на Женската тениска асоцијација (WTA), кој се одржува од 2 до 27 октомври во Истанбул.

Руската тенисерка, која се наоѓа на третото место во WTA листата, продолжува да се опоравува после повредата на десното раме. Таа исто така ќе биде принудена да го пропушти Отвореното првенство на САД (US Open).

На турнирот во Истанбул ќе учествуваат Серена Вилијамс, Викторија Азаренко, Агнешка Радвинска, Ли На, Петра Квитова, Сара Ерани и Елена Јанковиќ. Вкупно ќе учествуваат осум спортистки.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.