Путин: Ќе реагираме на тепањето на рускиот дипломат во Хаг

Москва очекува објаснување и извинување, како и казнување на лицата кои се одговорни за нападот на рускиот дипломат во Холандија, и ќе реагира во зависност од тоа како Амстердам ќе се постави за ова прашање, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.

Руската страна на Холандија и упати остра протесна нота во врска со незаконската акција преземена против службеникот во Амбасадата на Русија во Холандија, Дмитриј Бородин, кој беше нападнат во сопствената куќа од лица во маскирни униформи, па откако му биле ставени лисици, бил одведен во полициска станица. Таму е задржан до утрото, после што бил ослободен без никакво објаснување. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.