Грузија може повторно да го разгледа своето решение за учество во Олимписките игри во Сочи во случај на нивно политизирање. Во државата критички го оценија решението, според кое еден од носачите на факелот е учесник во августовската војна во 2008 година - воениот пилот Иван Нечаев. Ова го пренесува „Газета.РУ“.
Специјална изјава за ова прашање даде и грузиската влада. Позицијата на власта ја разјасни и заменикот на шефот на МНР во Грузија, Давид Залкалиани. Со слична изјава излезе и претседателот на НОК на Грузија - Лери Хабелов.
Во Тбилиси забележуваат дека со излишно политизирање на Олимписките игри ќе се дојде до прифаќање на „соодветно политичко решение за заштита на честа на државата и нејзините граѓани“.
„Познато е дека решението за учество на Грузија во Игрите во Сочи и покрај окупацијата на регионите на Грузија беше крајно тешко. И покрај тоа, НОК на Грузија со поддршката на владата покажа добра волја поради стремежот да се регулираат руско-грузиските односи, па соодветно прифати учество на Олимпијадата“, укажано е во изјавата на владата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче