МНР на Русија упати остра протесна нота во врска со нападот на руски дипломат во Холандија

МНР на Русија упати остра протесна нота на холандската страна во врска со нападот на советникот во амбасадата во Холандија, пренесува Интерфакс, повикувајќи се на официјалниот претставник на МНР на Русија, Александар Лукашевич.

Според неговите зборови, во текот на овој викенд во станот на советникот Бородин влегле вооружени луѓе во униформи и го тепале дипломатот пред неговите деца. Лукашевич забележал дека тепањето било извршено и покрај тоа што Бородин ги предупредил напаѓачите за својот дипломатски статус.

Претставник на МВР исто така соопшти дека на Бородин му ставиле лисици и го држеле во полициска станица цела ноќ, а потоа го пуштиле без објаснување. „Овој случај не само што е најгрубо нарушување на нормите и правилата на меѓународната комуникација, туку и на Виенските конвенции за дипломатските односи“, резимираше Лукашевич.

Во моментов руската амбасада во Хаг се занимава со разгледување на причините за случката. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња