Во викендичка во рускиот град Уст-Илимск влегла мечка и го изела сиот боршч

Ноќта наспроти 5 октомври во викендичка во градот Уст-Илимск во Иркутската област на Русија влегла мечка. Според соопштението на регионалната управа на МВР, животното го изел боршчот кој стоел во викендичката.

Мечката ја избркала полицијата, која дошла после повикот на домаќините кои се скриле во соседната бања во дворот. Во соопштението се наведува дека животното побегнало откако полицијата пукала во воздухот. Никој не бил повреден за време на овој инцидент.

За да се избегнат вакви случки, полицијата на жителите им советува да не оставаат храна во своите викендички на места кои се достапни за животните.

Слични инциденти се доста чести во оваа област. Мечките често доаѓаат во потрага по храна. Засега нема забележано ниту еден случај на напад врз човек. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња