Премиерот на Либија, Али Зејдан, преку повереникот во Русија, Сулејман абу Дејад Саити се извини за нападот на руската амбасада, се пренесува на интернет-страницата на МНР на Русија.
Саити му се извини на руското раководство по повод вооружениот напад на амбасадата на Русија во Триполи. Тој подвлече дека либиската страна го осудува нападот и е подготвена во целост да ја компензира штетата која е нанесена на руската дипломатска мисија. Притоа, беше подвлечено дека раководството на Либија го поддржува развојот на односите со Русија, и се надева дека руските дипломати наскоро ќе можат да се вратат во Триполи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.