Русија и Холандија се подготвуваат да потпишат договор за културна соработка, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на министерот за култура на Русија, Владимир Медински.
Медински пристигна во Холандија по повод одржувањето на гала-концерт на ѕвездите од рускиот балет, организиран од Министерството за култура на Русија.
Наскоро двете страни се намерени да потпишат договор за културна соработка и да ги продолжат размените меѓу театарската и киноиндустријата, пренесе Медински.
„Јас гледам дека во современа Европа не е многу позната руската кинематографија... Ние снимаме добри филмови, но во исто време гледаме и добри европски филмови во Русија“, подвлече Медински.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче