ЕУ нема ништо против Украина да се приклучи кон економската заедница на Русија, Белорусија и Казахстан

Договорот за соработка со Европската унија не ја спречува Украина да се приклучи во случај на потреба и во Царинската унија, односно на економската заедница меѓу Русија, Белорусија и Казахстан. Ваквата одлука може да се донесе на референдум, изјави украинскиот премиер Николај Азаров.

Откако ќе се потпише договорот за соработка со Европската унија, Украина не го губи суверенитетот ниту правото за донесување на сопствени одлуки. Во договорот дури има и член кој му допушта на Киев да се приклучи, да склучува договори за зони за слободна трговија, како и царински унии, пренесува РИА Новости.

„Тоа е наше суверено право. Ако во иднина Украина дојде до заклучок дека е корисна соработката и со Царинската унија, ќе се извршат низа законски процедури и референдум“, изјави Азаров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.