ВЦИОМ: руските граѓани како симбол на својата земја го избраа Бајкалското езеро

Во анкетата, која во септември ја спроведе Серискиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ), повеќето испитаници (58%) како симбол на Русија го издвоија Бајкалското езеро.

Во анкетата, која во септември ја спроведе Серискиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ), повеќето испитаници (58%) како симбол на Русија го издвоија Бајкалското езеро.

Социолозите ги прашаа руските граѓани кои објекти од природата или кои споменици од архитектурата ги сметаат за симболи на Русија. Меѓу понудените одговори требаше да изберат пет објекти.

Освен Бајкалското езеро, најмногу гласови доби музејскиот комплекс „Петергоф“ кај Санкт Петербург (48%), Мамаев курган во Волгоград (46%) и Троичко-Сергиевата лавра во Сергиевиот Посад (28%). Четвртина од испитаниците се одлучија за архитектонскиот ансамбл „Кижи“ во Карелија, додека Коломенскиот кремљ доби 16% од гласовите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња