Молдавија би можела да започне со воена агресија против Приднестровје за да може што побргу да го потпише Договорот за стабилизација и приклучување кон Европската унија. Ова на 2 октомври го изјави рускиот политички аналитичар Иван Захаров во интервју за „РЕГНУМ“.
Захаров напомнува дека се наметнува ваков заклучок после анализата на Договорот за воена соработка со Романија, кој молдавскиот парламент го ратификуваше на 27 јуни годинава. Во спомнатиот договор се наоѓаат и формулации во кои се наведува дека романската армија има право за слободно движење на територијата на Молдавија.
„Соработката на вооружените сили на двете земји официјално е одобрена во текот на заедничките молдавско-романски воени маневри ’Мировен штит – 2013’, одржани на почетокот на јули. Гласините за тоа дека молдавските политичари намерени се да применат сила – додатно се потврдија после посетата на романскиот претседател Трајан Васескуа во Кишинев на 17 јули годинава. Басеску на молдавското раководство му спомна дека е потребно што поскоро да се реши проблемот со територијалниот интегритет на земјата за да може Молдавија што побрзо да стане полноправен член на ЕУ“, објасни Захаров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче