Странските инвестиции во Русија за половина година пораснале за 300%

Обемот на директни странски инвестиции во руската економија за првите шест месеци од 2013 година изнесува околу 55 милијарди долари.

Обемот на директни странски инвестиции во руската економија за првите шест месеци од 2013 година изнесува околу 55 милијарди долари, што е три пати повеќе од минатогодишните показатели, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на изјава на претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Обемот на директни странски инвестиции во Русија расте. За првите шест месеци од оваа година во руската економија дојдоа 55 милијарди долари,“, забележа Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња