Рускиот претседател, Владимир Путин, не исклучува дека до крајот на 2013 година ќе бидат донесени решенија за приватизација на некои крупни активи, пренесува РИА Новости.
„Ништо не е исклучено, владата во оперативен режим ја набљудува сегашната конјуктура и ќе предложи соодветно решение... Можеби уште годинава тоа ќе биде донесено“, изјави Путин.
Претседателот забележа дека при продажбата на државните активи треба да се земе предвид пазарната конјуктура. „Кога е сосема ниска цената, тогаш нема смисла државата да ги реализира тие активи“, изјави Путин.
Путин исто така додаде дека е можно во иднина да се намали уделот на државата во банките под 50%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче