Продуктивноста на трудот во Русија треба да расте годишно 5 до 6%, што е двојно побрзо од сегашното темпо, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на зборовите на претседателот на Русија, Владимир Путин за време на инвестицискиот форум „ВТБ Капитал“.
„Во следниве неколку години продуктивноста на трудот во Русија треба да расте со 5-6%, двојно побрзо, отколку сега. Само така ќе можеме да го надминеме проблемот околу ефективноста на работната сила. Уверен сум дека тоа ќе успееме да го направиме“, изјави Путин. Според зборовите на претседателот, темпото на раст на продуктивноста на трудот во Русија денес не е драстично помал од другите земји, но го кочи растот на економијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче