Руските универзитети не се најдоа во списокот на 200 најдобри универзитети, сведочат податоците од рејтингот на британскиот весник Times Higher Education.
„Најдобар универзитет во Русија е Московскиот државен универзитет - но и тој е далеку од 200 највисоки позиции во рејтингот. Но МГУ, а исто така и други два универзитета во Русија влегуваат во списокот на 100 најдобри универзитети од областа на природните науки“, се кажува во материјалите на рејтингот.
МГУ е единствен руски универзитет кој се најде во списокот на 400 најдобри универзитети во светот, иако во најновиот рејтинг тој се спушти од групата 201-225 во 226-250.
Најсилните позиции Русија ги држи во сферата на природните науки. Според тоа, МГУ ја држи 63-та позиција во областа на природните науки.
Лидер на списокот е Калифорнискиот технолошки институт. Харвард се најде на второто место.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче