Литванските власти се закануваат дека ќе го блокираат железничкиот и патниот сообраќај меѓу Калининградската област и остатокот од Русија доколку Москва „не престане да врши притисок врз своите соседи“. Ова го изјави литванскиот министер за надворешни работи, Линас Линкјавичијус. Изјавата ја даде наспроти самитот „Источно партнерство“, кој во првата половина на ноември ќе се одржи во Вилнус.
„Би можеле да го блокираме сообраќајот, и тоа не се однесува само на возовите, туку и на испораката на стока и другиот вид транспорт“, се закани Линкјавичијус. Тој напомна дека овие методи, иако за Литванија се невообичаени, во случајот со Русија би биле оправдани.
Литванија е еден од клучните спонзори на програмата „Источно партнерство“. Таа поддржува потпишување на договорот за приклучување на Украина во Европската унија и создавање на единствена трговска зона. Овој договор би требало да биде централна случка на ноемврискиот самит.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче