Ветераните од Втората светска војна, учесници во Сталинградската битка и членови на организацијата „Деца на воениот Сталинград“ - беа првите кои во саботата во Волгоград имаа шанса да го гледаат филмот на режисерот Фјодор Бондарчук „Сталинград“ пред почетокот на официјалното прикажување во кината. Филмот раскажува за крвавата битка на Волга, и истит не ги остави борците рамнодушни. Тие во него ја видоа вистината за војната, иако со некои делови не се сложија.
„Филмот, општо земено, ми се допадна. Не можам да кажам дека е одличен, но е добар. Прикажана е љубовна приказна, но таму такви нешта не се случуваа. Мене бар такви нешта не ми беа познати. Нашата задача беше да војуваме“, ги изрази своите впечатоци еден од учесниците во Сталинградската битка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче