Средната височина на орбитата на Меѓународната вселенска станица е зголемена за 3,4 км со помош на новиот европски транспортен брод АТВ, изјави за РИА Новости претставник од Центарот за управување со летови.
„Моторите на бродот работеа 815 секунди, со што височината на орбитата на станицата е зголемена за 3,4 км, достигнувајќи 418,3 км“, изјави тој.
Во моментов на станицата работат космонаутите од Русија - Фјодор Јурчихин, Олег Котов и Сергеј Рјазански, астронаутите од НАСА - Карен Најберг и Мајкл Хопкинс, а исто така и астронаутот од Европската вселенска агенција - Лука Пармитано.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче