Претседателот на Државната Дума, Сергеј Наришкин, одржа говор на пленарната седница во Парламентарното собрание на Советот на Европа. Преку 50 парламентарци посакаа да му постават прашање на Наришкин. Тој успеа да одговори на девет прашања кои се однесуваа на религијата во Русија, на Јужна Осетија и Апхазија, како и на можниот бојкот на Олимпијадата во Сочи.
Претседателот на Државната Дума со задоволство забележа дека иницијативата на претседателот на Русија за регулирање на ситуацијата во Сирија наиде на широка поддршка меѓу пратениците и започна да се остварува.
Сергеј Наришкин зборуваше и за историските лекции кои не смеат да се заборават и „ретушираат“. „Заштитата на историската вистина мора да стане наша заедничка цел“, изјави тој и предложи да се „изучуваат документите од Нирнбершките процеси не само на универзитетите, туку и во училиштата.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче