Расмусен ја повика Русија да ја преиспита одлуката за признавање на независноста на Апхазија и Јужна Осетија

Шефот на НАТО, Андерс Расмусен повторно ја повика Русија да ја преиспита одлуката за признавање на независноста на Апхазија и Јужна Осетија, пренесува РИА Новости.

Шефот на НАТО, Андерс Расмусен повторно ја повика Русија да ја преиспита одлуката за признавање на независноста на Апхазија и Јужна Осетија, пренесува РИА Новости.

„НАТО-вата позиција е јасна. НАТО ја поддржува, како што е кажано на самитот во Чикаго во 2012, територијалната целосност и суверенитет на Грузија во границите кои ги призна меѓународната заедница“, стои во извештајот на Расмусен.

Расмусен истакна дека новата активност на Руската Федерација за одбележување на границата предизвикува загриженост. Исто така, тој смета дека таквиот процес не помага за мирно решавање на судирите и обврските кои Москва ги презеде врз себе. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња