Претседателот на Венецуела ја поддржа кандидатурата на Путин за Нобеловата награда за мир

Активностите на претседателот на Русија, Владимир Путин, го спасија светот од војна во Сирија и затоа тој заслужува да биде номиниран за Нобеловата награда за мир, изјави лидерот на Венецуела, Николас Мадуро.

„Ако некој во овој историски момент ја заслужува Нобеловата награда за мир, тоа е претседателот Владимир Путин, бидејќи тој помогна да биде спречена војната која му се закануваше на сирискиот народ“, изјави Мадуро во своето обраќање на еден од јавните собири, а пренесува агенцијата РИА Новости.

Вчера на конференцијата за новинарите во Москва, претставници од Меѓународната академија за духовно единство и руски јавни личности ја поддржаа инцијативата и кандидатурата на Владимир Путин за Нобеловата награда за мир. Овој потег го аргументираа со залагањата на шефот на државата во решавањето на сирискиот конфликт. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња