Научниците ја завршија експедицијата „Јамал-Арктик 2013“

Научниот брод „Професор Молчанов“ го заврши експедицискиот дел од научно-истражувачкиот комплекс „Јамал-Арктик 2013“ и ќе замине во пристаништето на Архангелск.

Научниот брод „Професор Молчанов“ го заврши експедицискиот дел од научно-истражувачкиот комплекс „Јамал-Арктик 2013“ и ќе замине во пристаништето на Архангелск.

За повеќе од еден месец работа, бродот помина преку 6,5 илјади морски милји, а учесниците на експедицијата извршија широк круг на истражувачки задачи, пренесува гувернерот на Јамал.

„Експедицијата започна на 20 август. Бродот помина низ акваториите на Карското море, околу полуостровот Гидан. На бродот има околу 60 членови на експедицијата кои извршија задача како на море, така и на копно. Нивните задачи вклучуваа истражување од областа на хидрометеорологијата, палеоклиматологијата, геофизиката, биологијата и други“, известија властите на регионот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.